Petar Pan sindrom

by Fonija

supported by
/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
03:16
2.
3.
02:24
4.
02:29
5.
6.
02:15
7.
8.
9.
01:11
10.
11.
12.

credits

released May 15, 2010

All lyrics written by Deni Krstev
All music composed by Fonija

Recorded, edited, mixed and produced by Nenad Trifunovski – Tripe (March-April 2010)

Mastered by Carl Saff

Backing vocals by Fitz aka. Feetz

Design: Fitz aka. Feetz (plasticart-2010)

tags

license

all rights reserved

about

Fonija Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Fonija

Streaming and
Download help

Track Name: Adam i Eva
Пред мене празна соба, паркет и плафон
Пред мене ѕидови со боја на картон
Не знам зошто денес вака одлучив
Не знам дали ова јас го заслужив!

Имам избор или сепак не?
Исто е, дали знаеше?
Имам избор или сепак не?
Подобро да не се трудеше...

Иста дестинација одел лево или не!
Истата локација одел десно или не!
Track Name: Multipleks skleroza
Од каде дојдов? Што станав?
Постигнав нешто, еволуирав,
Но ги знам моите корени!
Кој ме научи, кој ме освести?
Моите хоризонти кој ги помести?

Вчера не постоев, денес чекорам по правиот пат!
Кој ми го покажа патот нема да заборавам!

Немам склероза, сè уште паметам!
Нема да дозволам да заборавам!
Јас сум алиениран! Јас сум деградиран!
Од вашите глупости не сум шармиран!
Ова сум јас! Ова сум јас, а што си ти?!
Track Name: Peri-nosi!
Јас не сум ти...
Ние сме различни...
Зошто очекуваш да бидам како тебе ист?
Ограничен и себичен егоист, конформист...

Размисли!

Ти си имал шанса, сега јас сум на ред!
Јас одлучувам!
Криво, лево, црно, бело... Што е право, а што не!
Јас пресудувам!

Јас и ти! Лица проклети!
Огледало! Дебили! Миофибрили!
Ограничени морони, рециклирани картони...
Мојот мозок е отпорен на перење!
Track Name: Gluva nokj
Сè е јасно како ден, но овде нешто недостасува....
Не сум купил бинго ливче, а чекам џек-пот добивка...
Некаде во ќоше скриен седам, за сите луѓе невидлив...
Од денот како вампир бегам, а ноќе јас сум несфатлив...

Телевизор уклучен! Око будно, нема сон!
Во соба заклучен, секој ден е на претходниот клон!

Глува ноќ, месечина млада...
Од моќната тишина јас страдам...
Игла во сено јас барам...
Една мисла во умов затворам....

Сè е јасно како ден, но овде нешто недостасува....
Не сум купил бинго ливче, а чекам џек-пот добивка...
Некаде на светов најдов место, скок од бина има кој да ме фати!
Сега свирам, пејам многу често, има иднина за нас јас сфатив!

Телевизор уклучен! Око будно, нема сон!
Во соба заклучен, секој ден е на претходниот клон!

Глува ноќ, месечина млада...
Од моќната тишина јас страдам...
Игла во сено јас барам...
Една мисла во умов затворам....
Track Name: Zelen daltonizam
Клошар со маска на џентлмен!
Играш меч од почеток изгубен!
Имаш избор: здрава храна или фаст фуд.
Имаш избор: трезен мозок или малку луд.

Што е подобро за тебе знаеш,
Само не сакаш да признаеш, свесно се лажеш!
Или можеби светот веќе не е во боја...
Или можеби е слепило од грда параноја...
Ги минираш своите сништа, детонираш од далеку!
Искрено очекувајќи нешто поинаку!
Телевизорот го зазеде на совеста местото!
Го обликува и меси твојот мозок ко тесто...

Со што и да ме множиш - останувам сам...
Track Name: Bel tunel
Падна во вода и го допре дното,
Сега смогни сили, одбиј се и запливај кон површината!
Способен си!
Сè уште е рано за вечните ловишта,
Имаш уште многу да кажеш и направиш!
Бори се!

Исправи се! Стани! Доста лежиш во прашината!
Зошто некој друг да ти ги отвори очите кон иднината?
Можеш и сам!
Што очекуваш? Да те удри камион?!
Тогаш можеби ќе се освестиш....
Ризикот е твој!
Track Name: Opštestveni problemi
Гледам околу мене свет различен...
Го корне мојот дух, го гледам на колец забиен!

Возрасните ги лажат децата,
Беспотребно створаат предрасуди,
Различните луѓе да ги отфрлаат
Ги етикетираат ко бесни и луди...

Моите другари, пријатели,
Гледаат на ТВ и насловни,
Нечесни луѓе градат морален код
На едно расклатено општество...

Лесно е да изгубиш идентитет,
Тука да преживееш е приоритет.
Ја губиме смислата на животот,
Светот стана полош и од пеколот...

Луѓе полни омраза кон блиските,
Бегаат високи луѓе од ниските...
Заборавивме дека исти сме
Па земавме пушки да војуваме?!
Track Name: Zatvoreni oči
Немаме вредност, немаме поента!
Немаме сила да се справиме сами
Со сите кризи и сите проблеми
Што непознат некој ни ги создаде...

Од мравка јас сум помал во овој свет на илузија...
Секој викенд малку восок, волја-инфузија...
Понизно на колена, со споени дланки,
Затворам очи, гледам трње и гранки...
Неконтролирано ја движам раката,
Прекршувам ’рбет за да бакнам стара слика.
Легнувам во постела насмеан и среќен,
Можам да очекувам нешто добро да се случи.

Ако ти си ме создал, тогаш кој те создал тебе?
Можеш ли да создадеш посилен од себе?
Ние самите создадовме утеха за стада!
Ајде да ги спалиме глупите на клада!
Track Name: Nemame scena
Немаме сцена, тажни сме и јадни!
За музика и бендови ние сме гладни!

На свирки одат само музичари
И самопрогласени музички критичари!
Гратис критика со лоша намера,
Се вртиш и бараш скриена камера!

„Ти си позер, а јас не! Јас кога свирев ти кај беше?!“
Ајде луѓе, опуштете се малку, секој заслужува шанса!
Track Name: Živeeš za...?
Очекуваш од таа затворена кутија што ја нарекуваш ум
Да размислува и да носи одлуки, сам за себе...
А сите твои одлуки се трудиш да ги сместиш во папката прифатливо
И одобрено од оние околу тебе!

Очекуваш од таа затворена кутија што ја нарекуваш ум
Да размислува и да носи одлуки, сам за себе...
А секоја вечер штом го спакуваш денот и се нурнеш во длабок сон
Се прашуваш кој место тебе чекори!

За кого живееш ти?
За двете баби од вториот кат?!
Се плашиш што ќе речат тие за тебе?
За кого живееш ти?
За некој рандом човек?
Се понижуваш, уништуваш, се газиш себеси!
Track Name: Nikogaš povekje
Фалусовидна закана!
Скапана јаболка!
Вкусна е зашто не е твоја!
Не ли гледаш кафеава боја/!

Мелодраматичен крај...
Дали е јули, април, јуни или мај?
Клише, иронија, сарказам еден грам...
Ќе сфатам сè по водка, ред бул, дијазепам!

Оптимистичка заблуда!
200 километри, 200 евра...
Иако сакам, не можам да полудам...
Сообраќајна зебра!
Традиција?! Иронија!
На „Илинденска“ веќе дрвја нема....
Сам? Не! Осамен? Да!
Паметен? Никогаш повеќе!
Алкатраз, Голи Оток, мојата соба...
Цела колонија од една микроба....
Хипербола, симплоха, метафора...
Некој има викенд куќа, некој има кола...

Убиј се!
Track Name: Vremenski paradoks
Она што за мене еден ден треба да претставува сигурност,
Сега е премногу ригорозно...
Она што еден ден ќе предизвикува аплаузи,
Сега ќе ме обои тегет, црвен и сив!

Врзани раце, но дали се навистина врзани?
Селотејпирана уста, а секој може да ја одлепи!
Фластер на рана која сама од себе може да зарасне!
Дали ќе остарам или никогаш нема доцна да е?

Она нешто за кое ми велат дека живеам денес јас
Ме убедуваат дека утре ќе ми донесе среќа.
Оној еден ден за кого живеам денес јас
Со среќата ќе ми донесе актовка и вратоврска!

Ќе бидам ко оние кои ги гледам на телевизија!
На раце ќе имам лисици од смог!
Ќе бидам ко оние кои нè заглавија во транзиција!
Истовремено и заморче и биолог!