.​.​. bez ime

by Fonija

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
2.
3.
03:53
4.
02:33
5.
04:00
6.
7.
02:27
8.
02:29
9.
04:02

credits

released November 2, 2015

Deni Krstev - Vocal, guitar, synth
Stefan Ristovski - Bass
Kristijan Lafazanovski - Drums, percussions

All lyrics by Deni Krstev.
All music by Fonija.

Drums recorded by Goran Ristevski in Almost Famous Studio.
Everything else recorded by Deni Krstev in studio 1060 (June - August 2015).
Produced by Vasko Atanasoski and Deni Krstev.

Cover art by Kristina Gorovska.

tags

license

all rights reserved

about

Fonija Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Fonija

Streaming and
Download help

Track Name: Nema generacija
Нема генерација

Ги чувам чувствата во мислите
И ползам тивко низ деновите
И барам каде од вас да се сокријам

Ги чувам чувствата во мислите
И не знам веќе како да преживеам
И сакам да се зарие песокот врел под ноктите
И сакам уште еднаш да се чуе писок од мене

Зборот мој е ехо, лажна вистина
Зборот мој е шум на празна издишка

И знам, ни сенка немам
И знам дека не се гледам
И знам, јас сум само дамка
И знам, во свој’та паднав замка
И знам дека сам ќе талкам
И знам, нема што да барам
И никој не ме чека да се вратам...

И вдиши го стравот
Издиши го правот
Сакам само крвта моја еднаш засекогаш да истече!

Гние архивата на клетки и насмевки
И гнијат рацете за дела и прегратки
И веќе изворот на волјата пресекна, знам...

Зборот мој е ехо, лажна вистина
Зборот мој е шум на празна издишка
Зборот мој е нема генерација
И знам...
Track Name: Vreminja
Времиња

Имаме се’ што сакаме,
А ништо... Ништо немаме
Имаме се’ што сакаме,
А ништо... Ништо немаме
И никој не не’ научи да издржуваме порази
И никој не не’ научи да преживуваме победи

Разговори без зборови
Додека тонат сите бродови
Само разговори без зборови
Сами стоиме ко гробови
(Без доверба и надеж)
И никој не не’ научи како да бидеме искрени
И никој не не’ научи како да носиме одлуки

Кој ќе ми објасни...?
Кому одговор да барам?
Во грешно време сме се родиле
На грешно место сме прооделе
И се прашувам тие срца гладни кој ги храни
И кој ги лечи тие рани
И ако некој сила најде да ги зарасне
Зар’ се’ ќе помине?

Имаме се’ што сакаме,
А ништо... Ништо немаме
Имаме се’ што сакаме,
А ништо... Ништо немаме
И никој не не’ научи кои се добрите ликови
И никој не не’ научи на сите нови трикови...

Кој ќе ми објасни...?
Кому одговор да барам?
Во грешно време сме се родиле
На грешно место сме прооделе
И се прашувам тие срца гладни кој ги храни
И кој ги лечи тие рани
И ако некој сила најде да ги зарасне
Зар’ се’ ќе помине?