Mojot pekol

by Fonija

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
02:59
2.
3.
02:30
4.
5.
02:31
6.
03:15
7.
02:18
8.
9.
02:35
10.

about

credits

released September 3, 2013

All lyrics written by Deni Krstev.
All music composed by Fonija.

Recorded, mixed, produced and mastered by Nenad Trifunovski – Tripe. (July 2013 in MarryPHAT studio and our studio in Gjorche)

Fonija are:
Deni Krstev – Lead vocals, guitar
Stefan Ristovski – Bass, backing vocals
Kristijan Lafazanovski – Drums

Vocals on track 7:
Tena Rak (Vlasta Popic)

Cover art: Ljupka Tanturovska
Cover design: Fitz aka. Feetz/plasticart 2013
Band photo: Branko Avramovski (BW)

tags

license

all rights reserved

about

Fonija Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Fonija

Streaming and
Download help

Track Name: Izlezi
Излези, осети го мирисот на дождот, тој е тука за да ги измие сите столбови на кои заборави. Кога си сам не можеш себе да се лажеш, ги сфаќаш стварите какви што стварно се, без ретро ефекти и онлајн профили. Прошетај се, нека крцка снегот под нозете, не го гледаш сонцето, а сепак те топли однатре. Празнина, не е страшна таа промена, те побива, ти простува и засекогаш на мир те остава. Разбуди се, расони се, сите можеме. Задржи ги темелите на твојот микросвет. Не си стар!
Track Name: Sakam da zgrešam
Сакам да згрешам уште овој пат и да го пцујам овој живот проколнат, зашто ништо не е доволно и залудно е се’ и ништо нема значење без овој суров гнев. Те барам сега, те барам јас. Ми требаш тука да ми чуеш глас, зашто никој не ме разбира и никого не знам. Од никого јас немам срам и ништо не сакам да чујам, видам, осетам, без да се лажам себеси, без да лажам никого. Да пробам, патам изгубам. Убиј ме пред да избледнам. Погуби ме пред да се откажам. Обеси се пред да те линчувам. Изгуби се пред да те отрујам.
Track Name: Ovoj den
Не сум ти потребен, не сум она што го бараш. Не сум сликата по која копнееш секоја вечер пред да затвориш очи и потонеш во сон. Овој ден не е мој, не е ниту наш. Овој ден не е твој, ниту ќе биде некогаш. И не ми требаат рибите во морето, ќе ги оставам да пливаат за некој друг. Нека го најдат својот блескав мамец, нивната судбина. Овој ден не е мој, не е ниту наш. Овој ден не е твој, ниту ќе биде некогаш.
Track Name: Ova ne sakam da bidam
Прочитај ме и плачи што тоа веќе не си ти, се изгуби. Беше на чекор до целта, и’ заврте грб и избега. Соземи се и одлучи, вистински, дали беше ти, ил’ некој друг што одамна се пресели, го пропушти. Слушни ме и насмевни се, ги грицка твоите уши млечното запче на она слатко време. Животот беше искрен ко солза, немаше маски, немаше гнев. Плукни ме во очи, ова не сакам да бидам. Плукни ме во очи, не знам кој си. Се родив зрел, станувам дете. Се роди ангел, порасна кретен. Роди се пак и затвори круг засекогаш.
Track Name: Se budam pak
Јас сум наивен и заслепен од книги стихови во кои верувам и не те слушам. Ќе боли, ми рече, па векот така тече. Без простор за надеж... Не те послушав! Ми ги посочи фактите, но не ме убеди во стварите што не ги гледам. Се најдов во тебе! Те запознав во сништата, и водам војна со секој нов ден и губам пак. Се будам пак...
Track Name: Mojot pekol
Го сонував овој чуден ден, но барав друго значење. Симболика и одлука на тие тешки прашања. Го пронајдов твојот карактер во главна улога во филм без реплики, само молчиш постоиш. Мојот пекол не си ти. Ајде запливај во јад. Ајде оди во друг град. Носи ги мислите со себе, по друга река нека пловат. Пробај да се осудиш. Пробај да се осмелиш да се смееш, радуваш... Да патиш, самуваш... Пробај разочарај ме. Пробај осуди ме на слобода. Нека боли, убива. Нека прогледа. Стојам пред градот што ме роди, жалам другар, те оставам. За подобро или не, немам одговор на сè... Се плашам дека кажав сè.
Track Name: Tuka si
Не грижи се, исто се чувствуваме. Тука стоиме и ништо важно повеќе. Погледни ме и само слатко насмеј се. Еве сме, тука сме. Не грижи се, тука јас сум за тебе. Постоиме и не ни треба повеќе. Потсети се и малку време пронајди. Еве си, тука си. Кажи дали си размислила? Дали знаеш ил’ се сомневаш? Кажи ми од среќа плачеш ли штом помислиш на оние мигови, на тие зборови, на тие денови, на тие времиња... И пробај да не ми судиш, и пробај да не се лутиш. Не, јас не сакам да престанам да сонувам.
Track Name: Sedam i čekam
Седам, само седам, постојам. Ниту рушам, ниту создавам. Чекам некој да се појави, да повлече ил’ турне зашто дури и да пробам не сакам. Чекам, само чекам, одлучив. Ниту учам, нит’ се променив. Нема букви, ниту правила, тишина, мртов збор, зашто дури и да мразам – победив. Нема копнеж, ниту сомнежи. Нема дело – нема грев, зашто дури и да можам – потфрлам. Пловам јас по река непловна. Име мое никој не спомна. Даде сонце, воздух чист под концесија, тоне бронза во рецесија. Се вртам на вртелешка, се вртам, збунет, едвај жив. Дење, ноќе, јас во круг. Го колнам тој што го заокружи. Јас пак сум ист. Јас пак сум крив.
Track Name: Ne postojam
Се плашам, ти не го знаеш ова. Јас не сум ’ко тебе, се препознав себе. Дали е чудна среќа? На глава црна вреќа? Ова веќе не е слатко, полудувам. И сега веќе нема кој да зборува. И сега веќе нема кој да пробува. И сега веќе мирна ми е совеста кога знам дека не ме познаваш. Не постојам. Се плашам, ти не го сфаќаш ова. Тоа што може да биде, дали го виде? Или само детска желба, во воздух слепа стрелба... Ме влечеш и ме туркаш, ме отуѓи! И сега веќе нема кој да зборува. И сега веќе нема кој да пробува. И сега веќе мирна ми е совеста. Победа врз болеста. Победа на доблеста, и сега не ни памтиш која си. Заборави, заборави на се’...
Track Name: Najdolgiot pat
Не се ни трудам да проговорам пак, за малку и мене ќе ме голтнеше мрак. Мокар под чадор, нероден гад. Не знам сега ни каде сум, не знаев ни вчера, но знам што те буди и заспива пак. Не се ни труди да проговориш пак, знам кај ќе стигнеме, без мапа, без знак. Завеса од магла, од цигари чад. Можеш да бегаш, па бегам и јас. Ова е далеку од она што го планирав. Не го барај тоа од мене. Возот стои и не’ чека нас. Времето е дати, а датите – бројки. Погрешна формула, погрешен ден. Мојот ден, твојот ден, нашиот ден, судниот ден... Проклета судбина, коинциденција!