Zelen, sončev den

by Fonija

/
  • Streaming + Download

     

1.
02:07
2.
3.
4.
5.
6.
7.
02:25
8.
9.
10.
11.
12.

credits

released March 3, 2012

All lyrics written by Deni Krstev
All music composed by Fonija

Recorded, edited, mixed, produced and mastered by Nenad Trifunovski – Tripe (July 2011 – February 2012)

Backing vocals by Fitz aka. Feetz

Design: Fitz aka. Feetz and Aleksandra Stojanoska (plasticart-2012)

tags

license

all rights reserved

about

Fonija Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Fonija

Streaming and
Download help

Track Name: Game Over
Истата игра, истата стаза
Уште еден живот, играм пак
Внимавам да не згрешам на исто место
Истиот лик, друга оаза
Уште една болна шанса
Да сфатам дека се’ е така правоаглесто

Бара очај, фрла меч
Калај, жар, колизија
Лоши глумци, добар скеч
Умот зема провизија

Јас се каам, ти се смееш
Нерви фитил, динамит
Јас шепкам, ти се дереш
Бараш од мене да бидам... Што?!

Доктор мудрец учител...
Куче, верен пријател
Што ќе те сака и чува
Дури го камшикуваш

Упатство, лоши инструкции
Сите имаме опции
Утре пак ќе ме раздени!
Track Name: Zelen, sončev den
Силувани амбиции, трансплантирана волја за прогрес
Рамни варијации, општи дефиниции
Инекција за успех, апчиња за среќа
Кукла во изглог, велиш: „Ова сум јас“

Магма продира во моите клепки
И студен бран ме фрла на земја
Почнува да чука часовникот во мене
Клопче омраза ме угнети нов ден

Се’ е жолто-сиво, се’ е толку диво
Вештачки припитомено
Се’ е пластично, толку фантастично
Компресирано, затворено

Магма продира во моите клепки
И студен бран ме фрла на земја
Почнува да чука часовникот во мене
Клопче омраза ме угнети нов ден
Track Name: Nekogaš da bideme
Се погрижи светот да заврши летот,
Да слетам во вода и мојата слобода
Да ја подарам некому
Не сакам да заминам

Се потруди некој да не може секој
Да допре до мене и се’ што чувам во себе
Засекогаш да излезе
Не сакам да потонам
Тргни ги завесите

Убеди ме, излажи ме
Дека не може да бидеме
Закоси ги веѓите
И веќе еднаш заборави ме

Или сети се на ноќите
Кога совеста не’ печеше
Исклучи ги виугите
И кажи дали исто се чувствуваме

Не сум променет!
Track Name: Ubivajkji go Parmenid
Сакам да ги фрлам уздите
Да го уништам сонцето
Така барем ќе знам дека заебав се’
Нема да ме болат лисиците
И нема да ме плашат судиите
Нема да зјапам во земјата!

Не знаев дека земјата создава такви убијци
Не знаев дека вистината остава такви модрици
Не знаев дека јас ќе заборавам
Track Name: Zaminuvam II del
Низа ситни епифании, кањони, реки и провалии
Чекор поблиску до самоспознавањето
Чекор подалеку од целта

И повторно исти прашања во мојата глава
И повторно различни луѓе околу мене
И повторно се чувствувам стерилен
Track Name: Večno vrakjanje kon...
Во потрага по она кое сите веќе го имаат
Потрага по оние ко според други критериуми го примаат
Во свет во кој забрането е да јадеш принципи и сонуваш
Подобро е да возиш Мерцедес отколку смело да чекориш

Се освестив и расонив долго откако сонцето зајде
Се насочив кон она што ми треба по илјаду и прв пат
Можеби треба да почнам да верувам во Алах или да се прекрстам
Можеби треба да пресечам вени, да се обесам, да се убијам

Нема сонце, нема маче, нема солза, нема раче, нема портокал
Жарта пече, студот сече, барам начин да се изгубам
Барам очи полни почит, вечна потрага по розево огледало
Го барам делот што ми фали

Сакаш да не бидеш она што си, сакаш некој друг да ти пресуди
Сакаш да не бидеш она што си, сакаш некој друг да те промени
Track Name: Sam svoj rob
Не сакам да бидам Бог,
Не сакам од мене ништо можеби да зависи
Мојот удар е само влог
Во идните наши меѓучовечки односи

Не сакам да бидам јас,
Тоа може да ме осуди и погуби
Се плашам да го кажам на глас
Она што може да ме побие и убие

Јас сум роб на сопствената слобода
Ова не го предвидив ни разглобив
Ова не е моја лична победа

И избрав да не избирам,
Станав роб на времето
Роб на работ кој не’ дели мене и тебе
И оние што врескајќи ги разбудив
А можеби не ни знаеја дека постојам
Track Name: Se' što imam
Предвремено во пензија без ниту еден ден стаж
Ми се чини светот е обичен колаж
Од едно списание, иста едиција
Болна, извитоперена традиција

Се’ што имам се куп листови кои сведочат за мојот гнев
Се’ што имам е едно лице без маска или блеф
Имам само пеес кубика кои треба да ме одведат во рај
Имам само две раце кои треба да пресудат крај
Track Name: Posledna elegija na...
И тогаш паднаа Едемските порти
Таа се врати кај што припаѓа
Додека да се освестам од
Оваа вртоглава несоница

И пак ќе те посети на сон
Со бели крилја, светлина
Отвори очи и земи здив
Последна елегија на...
Track Name: Se' ušte zhiv
Ја гледам во очите, од неа најмногу се плашиме
Се држам силно за роговите
Се трудиме да се држиме што подалеку, зар не?
Чекам во секој миг да ме покрие...

И кога вечерта ќе проба да ја измие
Маската од твоето лице и да те приближи до нив
Кажи го она што го мислиш сите овие години
И сети се дека се’ уште си жив,
Ти се’ уште си жив...
И ајде сврти се кон нив!

Го слушам прекорот, го следам чекорот
Но сакам да сум слободен
Го барам она што ме управува, угнетува
Засекогаш да го уништам!

И кога вечерта ќе проба да ја измие
Маската од твоето лице и да те приближи до нив
Кажи го она што го мислиш сите овие години
И сети се дека се’ уште си жив,
Ти се’ уште си жив...
И ајде сврти се кон нив!
Track Name: Zemi nekoj drug
Пред мене бледа слика во црно
Ми пријде и ми рече
Ме води во домот на моите херои
И реков дека сакам да останам овде
Поблиску до своите луѓе

Имам уште многу да кажам
да прочитам и видам
Слушнам, почувствувам и допрам
Не сакам да дојдам со тебе под земја
Ќе мора да најдеш друга жртва