Paranoja

by Fonija

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.

      name your price

     

1.
02:24
2.
02:20
3.
02:07
4.
03:31
5.
02:43
6.
03:59
7.
03:27
8.
02:05
9.
03:22
10.
01:54
11.
02:50
12.
02:41

about

All lyrics written by Deni Krstev, except 2,3,7 and 12 – Stefan Ristovski
All music composed by Fonija

Keyboards on 8 and 11 – Saso Jadrovski

Recorded, edited, mixed, produced and mastered by Trajce Mitrevski and Darko Popovski – Blues (January 2008)

Design: Deni Krstev

credits

released April 8, 2008

tags

license

all rights reserved

about

Fonija Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Fonija

Streaming and
Download help

Track Name: Idnina
Остана сам, без другари,
Девојка ти те остави...
Празни џебови, немаш пари,
Животот си го потроши...

Немаш време да размислуваш!
Нема подобра иднина!
Немаш шанса да почнеш од почеток!
Само еднаш се живее!

Направи нешто за својата иднина,
Ајде веќе мрдни од место!
Време е да заборавиш на стравот,
Време е да направиш нешто!

Остана сам, без другари,
Девојка ти те остави...
Празни џебови, немаш пари,
Животот си го потроши...

Стегни тупаница, удри по масата,
Да се чуе и твојот збор.
Плукни им во лице на сите кретени,
Докажи дека живееш!

Направи нешто за својата иднина,
Ајде веќе мрдни од место!
Време е да заборавиш на стравот,
Време е да направиш нешто!

Реши ги сите! Победи ги сите!
Скрши им го егото!
Track Name: Marija
Се шетам покрај Охридско Езеро,
Тивко, мирно, едноставно прекрасно,
Одеднаш нешто чудно се случува,
Девојка одзади мене истрчува.

Марија...

Седнува веднаш на ситниот песок
Во нејзините очи од солзи блесок...
Мила моја, од што и да стравуваш,
Немој ни миг за тоа да тагуваш.

Марија...
Track Name: Propast
Во мене има две души, но едната од нив постојано ме гуши.
Едната од нив кон добро ме влече, а другата нозете ми ги сече.
Се дружам со оние од кои корист имам,
Негативни критики не сакам да примам
Ко дух јас ќе исчезнам еднаш, никој нема да ме спомне ниеднаш.

Во огледало јас гледам друг!
Само се вртам во круг!
Во мојата глава слушам глас!
Не можам да го најдам моето јас!

Моето срце кон злобата ме води...
Доброто по малку од мене си оди...
Track Name: Omraza
Ме касна една змија отровница,
Нејзиниот отров ми влезе под кожава
Тој нејзин отров ме полудува,
Тој нејзин отров е омразата!

Омраза!
Светот би бил многу поубав да не беше ти жив.
Омраза владее со мене, дали знаеше ти?

Таа змија сега нека се крие,
Зашто омразата во мене сè уште спие,
Но еден ден ќе се разбуди
И змијата ќе ја уништи!

Омраза!
Светот би бил многу поубав да не беше ти жив.
Омраза владее со мене, дали знаеше ти?
Track Name: Sekjavanja
Сеќавајќи се на минатото и на местата на кои сум бил
Гледам лица избледнети, слики и девојки со кои сум бил.
Сеќавајќи се на минатото и на она што сум го сторил
Гледам некои решенија не толку мудри и разни глупости.

Се сеќавам на минатото, се сеќавам на животот мој
Не е сè ко во бајките, но сепак тој е по мој крој!
Track Name: Zaminuvam
Пред мене е долг пат, се селам во друг град...
Го пакувам мојот куфер со лаги и заминувам...

Се прашувам кој е крив и дали сум сè уште жив...
Толку прашања во мојата глава без одговори...

Сите овие години бев слеп за вистината,
А како Диоген со фенер ја барав правдата.
Сите овие години бев заслепен од убавината,
А сега решив малку да размислам!

Патувам низ тунел без крај!
Паѓам во бунар без дно!
Со страв ја хранам мојта параноја!
Живеам во еден свет без боја!
Track Name: NLO
До вчера не верував во мали зелени,
Мислев дека се лаги за деца во пелени,
Но кога ги видов Марсовците мали
Другар ми почна со мене да се шали.

Чудни се тие вонземјани мали,
Ама јас мислам ништо не им фали.
Со нивните округли летечки чинии
Летаат по сите небесни линии.
Track Name: Zanimacija
Зошто залудно јас се тркам во оваа трка без цел?
Да победам јас сè би дал, но секој мој чекор е премногу мал.
Зошто залудно пробувам да не правам грешки?
Зошто залудно го трошам моето време и сите одбивања ми се тешки?

Имам голема инспирација.
Добив мотивација.
Релаксирачка занимација, ми претставува сатисфакција.
Track Name: Sam
Со страв се полни очите твои, чувствувам на крајот му дојде ред.
Животот чудна судбина крои, па не е сè лесно, ко млеко и мед.

Сосема сам ме остави, пред сонцето зад езерото да изгори.
Сосема ме уништи, за миг ме заборави.

Крај езерото ние чекориме, за иднината ние зборуваме.
Ми кажуваш два-три збора, велиш сè да заврши мора.

Сосема сам ме остави, пред сонцето зад езерото да изгори.
Сосема ме уништи, за миг ме заборави.
Track Name: Šmizla
Кратка сукња фина, гласот мил тон.
Многу срца скина, ти си сечиј сон.
За тебе сум јас лузер обичен,
Ме оговараш на глас, ќе ти вратам еден ден.

Шмизла си ти, шмизла си права, која само знае шамари да мава!
Track Name: Daleku
Заедно ние пред две-три дена бевме ко во приказна без крај,
А сега затворен меѓу четири ѕида, те барам јас тебе знај.
Гледам на небото месечина сјајна и ѕвезди блескави,
Тие ѕвезди откриваат тајни, соѕвездие со твојот лик.

Ти си далеку од мене сто светлосни години,
А секоја секунда е многу време ако не си крај мене ти.

Ја гледам картата на мојата земја во југозападниот дел,
Гледам две езера, блескаво сини ко твоите очи две.
Утрото донесе нов ден, ден без тебе
И тогаш сонцето праќа зрак магичен кон твојата коса ко лен.

Ти си далеку од мене сто светлосни години,
А секоја секунда е многу време ако не си крај мене ти.
Track Name: Seno
Седам сам во соба затворен,
Единствена опција ми е прозорот отворен...
На хоризонтот ново утро се раѓа,
Од старото дрво последен лист паѓа...

Челичен оклоп облече ти, твоето срце од мене го скри.
Ме победи мене бедниот срам, се изолирав, јас останав сам.

Несреќа ме следи, ми нема спас!
Ладна е кон мене ко коцка мраз!
Мојот збор веќе никој не го слуша!
Неправда и лага ме држат за гуша!